245
Наша света обврска, на оние што граѓаните ги гласаа, кои сме излегле со одредена платформа и со чест и одговорност сме ја добиле поддршката, е да работиме и да ја практицираме одговорноста, порача вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во емисијата “Економски магазин”, на Алсат телевизија.
Не се сеќавам и не најдов податок дека досега некој функционер е разрешен врз база на ревизорски извештај од Државниот завод за ревизија, а ако отворите некој од нив ќе видите дека не се имплементирани ниту препораките, она што им е обврска на раководните структури во рок од три, шест месеци да го направат, рече Николовски додавајќи дека добил одлични идеи за својата работа од претседателот на државната комисија за спречување на корупција, како и од главниот државен ревизор.
Ги гледаме и ги констатираме сите слабости во системот, неповрзаноста, некоординираноста, рече Николовски, додавајќи дека како вицепремер тука лично ќе биде од помош, но не да формира паралелен систем.
Николовски истакна дека автономноста на институциите од извршната власт, но и цврстите регулаторни тела треба да се јакнат и ќе ја добијат целокупната поддршка да работат на чесен и одговорен начин со многу храброст и енергија, сите заедно, од сите политички структури.
Ова е генерација што сака да остави белег, да промениме нешто во општетството, многу работи треба да промениме, но нема да бегам, правиме се за да ги промениме навиките низ целиот систем кој што треба да го воспоставиме, порача вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.