Николовски: Не вративме ниту едно неискористено евро во ЕУ, за разлика од ДПМНЕ кои вратија неверојатни 55 милиони евра

од Vladimir Zorba
159 прегледи

„Не вративме ни едно евро неискористени пари во европската каса. ДПМНЕ во претходниот период врати неверојатни 55 милиони евра, заради тоа што не сакаше и не знаеше да ги искористи европските пари дома“ рече носителот на листата во ИЕ3 од СДСМ и Коалициајта за европска иднина, Љупчо Николовски на митингот во Кочани.

Тој додаде дека СДСМ секогаш ги слуша предлозите и сугестиите на граѓаните и токму затоа македонскиот исток има видливи резултати изминатите седум години.

„Овој регион беше запоставен, а денес е регион кој од првиот ден на владеењето на СДСМ забрзано се развива и со сите политики е во фокусот“ рече Николовски.

Тој додаде дека оризот влезе во законот за стокови резерви како стратешка култура, како резултат на политиките на Владата на СДСМ и од старт се зголемија за 300 отсто субвенциите за оризопроизводителите.

Слични содржини