Николовски: Нема спас за правосудството освен ако не ги завршиме преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
403 прегледи

Некои работи споро се одвиваат во делот на правосудството. Се отвораат нови случаи, старите не се затвораат и тешко се справуваме со тоа. Станува наше секојдневие и се повеќе се говори за тоа, вели новинарот и аналитичар Љубиша Николовски после упатените критики од австрискиот амбасадор до нашето правосудство.

Николовски смета дека „единствен спас е влезот на земјата во ЕУ“.

-Ако го ставите тоа во рамки на уставните измени и евроинтеграциите, можам да заклучам дека нам ни нема спас за добро правосудвство, освен со почеток и завршување на процесот на преговори бидејќи очигледно сами не можеме да излеземе од овие димензии без разлика на ветувањата на партиите на власт во изминатите 30 години. По мое мислење ни треба помош и усогласување на македонското законодавство со европското и користење на искуствата на земјите-членки во ЕУ, поточно екпертиза во посоодветен начин на избор на судии и обвинители и како тоа да се процесуира, рече Николовски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини