Николовски очекува поголемо намалување на цените на производите

од Nikola Popovski
178 прегледи

Политиките на министерството за земјоделство се да ги поддржат земјоделските производители и апелирам да се фокусираме во ингеренциите во тој дел. Како министерство не можеме да ги коментираме цените, а очекувам дека со целокупната поддршка која што ја добиваат, овие поевтинувања да не се 8 или 10%, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски за цените на основните производи во маркетите и продавниците.

Тој е дециден дека сите како граѓани очекуваме намалување на цените.

-Граѓаните знаат и очекуваат што поевтини производи со зголемената поддршка во време на криза, особено кога се во прашање основните прехранбени производи, потенцира министерот.

Слични содржини