Николовски: Очекувам владата да се посвети на домашните проблеми, владеењето на правото и економијата

од Aleksandar Petrovski
241 прегледи

Во гостувањето во Само Вистина, новинарот Љубиша Николовски смета дека и покрај тенкото мнозинство коалиционите партнери ги испеглаа разликите и ќе ги спроведат законите за кои што се договорија.

-Мислам дека имаа можност досега во преговорите да ги испеглаат неколкуте работи заради што влегоа во коалиција особено ДУИ и СДСМ. Тоа што е тенко мнозинството може да биде проблем од технички аспект затоа што може човек да се разболи.

Сепак 62 пратеника се доволни да ги спроведат оние закони за кои што се договорија. Нешто што ДУИ и коалицијата можеме предводена од СДСМ е евроатланската агенда на Македонија и тоа ќе ги турка напред.

Очекувам владата да се посвети на домашните проблеми, а тоа е правдата. Тоа што очекуваа најмногу граѓаните владеење на правото и на оваа точка и ДУИ и СДСМ се со еднаков интензитет тоа да се спроведи.Знаејќи дека следната година се локалните избори, ДУИ и СДСМ немаат избор да утнат да згрешат.

Мислам дека се договорија за некаков роковник во Парламентот. Се договорија да се гласа барем еднаш во две недели што не е малку. Значи тие денови ќе се обезбеди мнозинство за да се изгласаат закони за кои се договорија. Очекувам да се посветат на економија, треба да им се даде шанса, да сочекаме и да видиме како тоа ќе се остварува. Немаат многу време за пимплање и да може да се правдаат за време , веќе од вторник може да ги спроведува ветувањата, рече Николовски.