Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денес во Кавадарци присуствуваше на манифестацијата Ден на Станушуна, автохтона сотра на вино подготвена од тиквешките семејни винарии, каде имаше и свое обраќање.
Станушуната е автохтона сотра грозје кое се одгледува само во Македонија, која според најстарите податоци датира повеќе од 600 години.
Со законските измени во 2020 година се овозможи регистирање на мали семејни винарии со капацитет на производство до 50.000 литри. За време на пандемијата со КОВИД-19 малите винарии беа директно погодени, а министерството излезе во пресрет со финансиска поддршка за малите винарии преку грант до 10.000 евра по корисник, наменет пред се за опрема за производство.
“На овој убав настан сакам со вас да споделам една убава вест. Наредниве денови ќе ги потпишеме договорите за мерката со која обезбедуваме финансиска поддршка на малите винарии. До нас за оваа мерка пристингаа 63 барања, од кои прифатени се 61 барање, додека поради не исполнување на условите 2 барања се одбиени. За оваа мерка министерството издвојува 34.5 милиони денари”, истакна министерот Николовски во своето обраќање.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжува својата посветена работа и секогаш ќе биде тука за секој еден земјоделец. Подршката на министерството продолжува и во помагање на манифестации за промоција на домашните земјоделски производи.