Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Лондон потврди дека Македонија ќе добие пет милијарди фунти (околу шест милијарди евра) од Обединетото Кралство за финансирање важни проекти. Средбата со британски претставници од Министерството за финансии беше клучна, а парите ќе бидат наменети за проекти во транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата и заштитата на животната средина.
Николоски потенцираше три главни проекти: изградба на брза пруга на Коридор 10 (Табановце–Гевгелија), болници во Кичево, Тетово и Штип, и медицински факултет со студентски дом во Штип. По потпишувањето на договорот „влада со влада“, кој ќе биде ратификуван во Собранието, следуваат официјални преговори за финансирање и реализација. Посетата продолжува со политички средби, а утре се очекува потпишување на договорот со британскиот министер за економија и извоз.