Николовски: Од оваа година сите земјоделци добиваат 100% поддршка за зелена нафта

од Nikola Popovski

Токму во Виница имаме повеќе успешни земјоделски приказни. Земјоделци кои успешно ги користат мерките што ги ставаме на располагање за поддршка до секој земјоделец. Мерки за развој на македонското земјоделство. Тука, во Виница имаме успешни млади земјоделци и жени земјоделки, истакнал министерот Љупчо Николовски на денешната средба со земјоделците во Виница.

-Имаме успешни земјоделци што преку програмата за рурален развој го модернизирале своето производство, поставувајќи системи за наводнување, изградиле силоси, или ја искористиле мерката за набавка на трактори, мерките за грант поддршка на малите производители на храна и вино, како и повеќе од 25 успешни ИПАРД приказни. Близу 26 милиони денари вкупна поддршка која земјоделците од Виница ја имаат искористено преку мерките што им се ставаат на располагање, порачал министерот.

Николовски пред земјоделците ги презентирал новите мерки за поддршка на земјоделците за 2024 година.

-Од оваа 2024 година, сите земјоделци, добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка креирана во 2019 година и мерка по која како држава сме препознаени во регионот. Мерка од директна помош за секој земјоделец, кажал Николовски.

Министерот истакнал дека оваа година сточарството е главен фокус во работата на министерството, каде се креирани повеќе нови мерки.

-Од 4.000 на 12.000 денари се зголемува поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци. Се зголемува и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1.000 денари. Водиме искрена грижа за секој земјоделец. Посветено креираме мерки според потребите на земјоделците, преку кои постигнуваме одржливост и развој во македонското земјоделство. Мерки што даваат резултати за земјоделците, објаснил Николовски.

Слични содржини