„На денешната средба со коалициските партнери во Владата, беше потврдена заложбата да се продолжи со посветена работа и реализација на Програмата за која граѓаните ни ја дадоа довербата на последните избори“, сподели вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
„Силна поддршка од сите коалициски партии во најголемата владејачка коалиција да продолжат реформите дома, кои обезбедуваат унапредување на судскиот систем, борба проотив корупцијата, раст и развој на економијата како и повисок животен стандард на сите наши граѓани.
СДСМ предводи најголема, најсилна и најразнолика коалиција во која се застапени сите етнички заедници. Ја имаме честа и одговорноста да работиме за доброто на државата и општеството.
Заедно, сплотени продолжуваме да носиме мерки и решенија што ја движат државата напред и обезбедуваат подобар живот за сите граѓани“, сподели Николовски.