Николовски: Постапуваме и по предмети за кои ДКСК нема информации

од Nikola Popovski
181 прегледи

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски вечерва изјави дека триплиран е буџетот на Антикорупциската комисија, а сите институции кои треба да се борат против корупција се очекува дигитално да се поврзат за поголема ефикасност во борбата против корупцијата.

„Ние постапуваме и по предмети за кои ДКСК нема информации, но секако секогаш сме отворени за било која иницијатива на сите оние институции кои имаат надлежности, без оглед за кого станува збор“, потенцира Николовски.

За интерпелацијата што ја поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ против него, Николовски вели дека „партијата е симбол на корупција, симбол на организиран криминал, симбол против новата, млада генерација политичари, кои треба да се здружат и да стават крај на корупцијата“.

„Рекетарството и криминалот владееја со години и кога сакате чесно и одговорно да се борите против криминалот ситесе вртат против вас. Затоа нема да отстапиме и на следните генерации ќе им оставиме функционална и нормална држава, тоа е нашата борба. ВМРО ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува на тема криминал и корупција, лидерот Груевски им е во бегство, има 30-тина функционери кои се со обвинителни акти и судски процеси. Ние продолжуваме со неселективно работењ“, заклучи вицепремиерот.

Слични содржини