Николовски: Пред Договорот за добрососедство немавме односи со Бугарија

од Nikola Popovski
505 прегледи

Претпоставувам дека излезното решение со Бугарија во посредство на ЕУ ќе биде „на ќоше“ решение, како и секој компромис, од кој што ниту Бугарите, ниту сите ние ќе бидеме задоволни. И таму има предавници, и овде има предавници, мислам дека ќе нема таква работа и дека секое договорено решение ќе помине во Парламентот и јавноста. Ако тоа не ни се допаѓа, веројатно нема да биде усвоено, вели новинарот Љубиша Николовски во емисијата „Само вистина“ околу нашиот пат кон ЕУ.

Според него, пред Договорот за добрососедство со Бугарија, не постоеја односи и релации меѓу двете земји.

-Не можеме да изгубиме нешто што сме немале. Доколку се случи ветото, ќе бидеме во уште полоши односи. Секој обид за решавање на односите со соседите, ЕУ и САД, се добра дипломатија за една држава. Тоа е исто како секој човек, зависи што човек сте. Ние треба да редифинираме дали се уште од 1991 па наваму, стоиме на позициите за евроинтеграции, истакнува Николовски.

 

Слични содржини