Николовски: Претстојната 2024 ќе биде година на нови предизвици и нови цели

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку видео обраќање им ја честита Новата година на граѓаните.

Николовски во честитката истакнува дека 2023 беше успешна и година на реформи, со многу реализирани програми и проекти. Претстојната, пак, 2024, како што истакнува, ќе биде година на нови предизвици и нови цели.

„Изминатата, 2023, беше година на силна поддршка за сите, посебно за малите производители. Ја остваривме целта, постигнавме бројка од над 2 500 регистрирани мали производители, над 170 нови мали винарии, над 450 договори за грантови од 10 000 и 5 000 евра за производство на македонска храна и пијалаци. Ова е испишување историја. Посебно ме радува довербата што ја добивме од земјоделците,“ вели Николовски.

Според него, изминатата беше и година на ИПАРД, на мали манифестации низ целата држава, на саеми за промоција на македонските брендови во светот, на најголема транспарентност и на позитивни оценки од Брисел.

„Најголемиот број апликации за јавните повици се од млади земјоделци и жени земјоделки. Тоа ја одбележа 2023 година, а тоа беше и нашата цел. Горд сум на сите вас зашто овој успех го постигнавме заедно. Во 2024 година продолжуваме со силна реформска земјоделска политика, продолжуваме да го унапредуваме земјоделството по европски терк“, подвлекува Николовски.

Слични содржини