Николовски: Признавањето на МПЦ-ОА е историска победа

од Nikola Popovski
323 прегледи

Новинарот Марјан Николовски смета дека вчерашната одлука на Вселенската патријаршија за признавање на МПЦ-ОА како канонска претставува триумф на македонската црковсна вистина.

-Тоа е клучната историска придобивка, затоа што 55 годишниот автокефален статус на непризнаена црква и неколку години претходно, македонската црковна вистина се темели на потребата од создавање сопствена црква со свој род владици од Македонија. Историскиот момент е што после 55 години победи вистината за канонската исправност на МПЦ. Црква која е поставена на темели, на канони без еретички учења, што не беше доволно осознаена затоа што беше доминантна вистината на СПЦ. Успехот е што Вселенската патријаршија призна легитимитетот на сите претходно избрани владици, свештеници, целиот развој од 1943-та година преку 1958-ма и 1967-ма година и одвојувањето како автокефална православна црква. Секое крштение, секоја венчавка, секој погреб е легитимно извршено од овие свештеници и тие што биле претходно. Ова е историска победа, ако не е, тогаш не знам што би било друго, смета Николовски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини