Николовски: Растоварен сум од тоа дали ќе бидам министер или не

од Берта Китинска
219 прегледи

Јас сум растоварен од тоа дали ќе бидам министер или не. Во политиката се влегува ако може да им се помогне на граѓаните. Не верувам во тоа дека некој треба 30 години да остане во политиката. Се согласив повторно да прифатам позиција во новата влада затоа што сметам дека можеме да им помогнеме на земјоделците, вели Љупчо Николовски од СДСМ за Утрински брифинг.

Николовски вели дека тој сметал дека Ковачевски треба да избере друг тим, но откако му биле изложени аргументите од мандатарот се согласил повторно да биде министер.

-Зоран Заев успеа да ја внесе државата во НАТО, и донесе одлучи чекори во полза на граѓаните. Треба да престанеме да лепиме етикети. Сегашниот мандатар има поставено добри цели, а ние треба да бидеме ефикасни и одговорни во извршување на задачите оти граѓаните очекуваат испорачување резултати, вели Николовски додавајќи дека верува дека Ковачевски ќе ги продолжи политиките на Заев.

Слични содржини