Николовски: Се менува Законот за борба против корупција, отвораме теми како законско решение за потекло на имот

од Nikola Popovski
141 прегледи

Николовски на прес-конференција во Царинската управа по повод запленетиот тутун што бил нелегално пуштен во промет, уште еднаш порача дека борбата против корупцијата ќе биде бескомпромисна и дека законите ќе важат еднакво за сите. Во ова насока, нагласи, активностите интензивно течат.

„Ќе направиме се за да покажеме и докажеме дека чесно, искрено и одговорно ќе работиме на борба против корупцијата и дека ќе носиме политики во тој правец. Се носи Стратегијата, се менува Законот за борба против корупција, отвораме теми како законско решение за потекло на имот, работиме на интероперабилност на институциите“, потенцира Николовски.

Тој информира дека утрово имал состанок со членовите на ДКСК.

„Разговаравме за искуствата на ДКСК околу слабостите на новиот Закон за спречување корупција од 2019. Оваа недела треба да се процесуира формирањето работна група, денеска го договоривме, за да ги отстраниме сите слабости и проблеми со кои се соочуваат членовите н ДКСК, но и за да имаме ефикасни постапки и резултати, предмети кои ќе ја вратат довербата на граѓаните. Го задолживме министерот за правда Бојан  Маричиќ да формира работна група која ќе работи на измени на Законот за борба против корупција и за ова да се обрати до ДКСК, невладините организации, граѓанската платформа за борба пртив корупцијата. Со ова, веднаш излеговме во пресрет на барањето на ДКСК од минатата недела кое денеска стигна. Денеска закажавме состанок и го овластивме министерот за правда што покажува огромна политичка волја да вградиме во законски решенија и во сите механизми, се што препорачува ДКСК. Денеска отворивме уште една тема, добивме проект преку Советот на Европа за Законот за потекло на имот. Ова покажува целосна, максимална поддршка, соработка, поврзаност на институциите, посебно на регулаторните, независни тела, ДКСК и Заводот за ревизија#, информира Николовски.

Во однос на Стратегијата за борба против корупцијата, посочи дека расправата и донесувањето биле закочени не поради него или Владата, туку поради блокадите во Собранието, поради немањето Парламент зашто опозицијата не сакала избори со месеци, како и поради техничката Влада која долго траеше.

За ДКСК, Николоски оцени, дека ќе биде сместена во одлични, репрезентативни услови. Обезбедени се, рече, и средства за реновирање, како и за софтвер.

Слични содржини