Николовски: Се заложуваме за бескомпромисна борба против корупцијата

од Берта Китинска
296 прегледи

Силна е политичката волја за справување со корупцијата и криминалот, вели Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата.

-Во четиригодишната програма на Владата поставивме јасни столбови во борбата против корупцијата, преку воспоставување соодветни механизми и отворена и редовна меѓуинституционална соработка и комуникација, помеѓу владините и независните институции. На денешната конференција на Државната Комисија за спречување на корупција ја поддржав нивната важна улога во борба со корупцијата за експедитивно решавање на овој комплексен феномен. Очекувам дека целокупната борба против корупцијата значително ќе се подобри веднаш штом ДКСК ги развие електронската изјава за имотна состојба и интерес за функционерите како и софтверот за непосреден електронски пристап до базите за податоци на 17 институции, вели Николовски.

Тој додава дека во изминатиот период фокусот бил насочен кон подигнувањето на меѓуинституционалната соработка, исполнување на препораките од ГРЕКО и промена на законските решенија.

-Дополнително, во соработка со програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, работиме на подготовка на физибилити студија за потребата од донесување на Закон за потекло на имот и капитал на лица кои извршуваат јавни финкции.Се заложуваме за бескомпромисна борба против корупцијата преку широка и обврзувачка транспарентност, независно и отчетно судстсво и обвинителство, заштита на слобода на медиуми, институционална поддршка, независна ДКСК, нулта толеранција за откриени злоупотреби и подобри услуги кон граѓаните, вели Николовски.

Слични содржини