Николовски: Секторот шумарство треба да доживее целосна трансформација

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Секторот шумарство треба да доживее целосна трансформација. Во собраниска процедура во второ читање е новиот закон за советодавни системи во земјоделството, а во наредните пет години со 250 милиони евра ќе се модернизира македонското земјоделство преку ИПАРД програмата, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Во интервју за „Гласот на Америка“ министерот Николовски зборуваше и за неодамнешниот саем за вино Белавита во Чикаго.

„Да, оваа година за првпат закупивме национален штанд на еден од најголемите саеми во Америка, и тоа во Чикаго на Белавита каде што десетина наши винарии и извозници, големите винарски визби беа претставени со нашето македонско вино. Верувам дека до крајот на годината, исто овој проект, кој што беше инициран во САД во Чикаго, ќе биде реализиран, а тоа ќе отвори нови врати, нови можности за соработка и за зголемување на извозот на македонското вино во Америка“, рече Николовски.

Покрај виното, кое што беше клучен производ за кој што беше организирана посетата во Америка, Николовски потенцира дека оваа година Ворлд топ експорт за 2022 година, Северна Македонија ја рангираше во првите 15 земји во светот по извоз на вино и оти расте извозот на вино генерално.

Слични содржини