Николовски: Шумите се нашето богатство, но и заедничка обврска да ги сочуваме и обновуваме

од Nikola Popovski
247 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупо Николовски заедно со градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, претставници на ЈП Нацонални Шуми и КБ Пензинско друштво, денеска во беровско на локацијата Будинарски рид се прикчучија кон големата акција за пошумување – АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО.

Оваа година преку акцијата АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО, си имаме поставено голема цел, пошумување на 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната голема акција за пошумување започна од овој месец и ќе трае се до 31 март 2024 година. Пошумувајќи површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.

Како министерство, наша задача, но и на сите нас како граѓани, е да се грижиме и да ги чуваме нашите шумски убавини и редовно да вршиме обновување со нови садници. Шумите се нашите бели дробови, наше природно и национално богатство, кон кое сите ние треба одговорно да се однесуваме и да ги чуваме”, изјави министерот Николовски.

Првиот дел од голема акција за пошумување се реализа во месеците ноември и декември, преку програмата за проширена репродукција, а започна на 10ти ноември во Делчево со пошумување на локацијата Стар Истевник. Овие денови продолжи во беровско на локацијата Будинарски рид, а веќе на 26 и 27 новемри продолжува во Куманово на локацијата Кокино и во Велес на локацијата Новачани. На овие локации, во првиот дел од акцијата, заедно со нашите партнери пошмуваме површина од 241 хектар, со засадување на над 580.000 различни садници.

Министерот Николовски во својата изјава истакна и дека го радува, и за голема почит е, фактот што многу општествено одговорни компании и граѓански организации се приклучија кон оваа акција за пошумување, но и преку сопствени иницијативи, во соработка со нас, организираат акции за пошумување и збогатување на шумскиот фонд.

Слични содржини