Николовски: Следува прочистување на правосудството – приклучете се на маршот „Чекориме за правда“

од Берта Китинска
132 прегледи

Нашата заложба за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства – успева.Собранието со потребното мнозинство пратеници го усвои Законот за јавно обвинителство.Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики.

Им честитам на пратениците кои го поддржаа овој Закон.Нема веќе простор за криминални структури и за политичари кои поддржуваат криминални интереси.Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја.Правда ќе има, правдата доаѓа.Затоа, ве повикувам денеска со почеток во 18 часот да се приклучите на Маршот „Чекориме за правда“. Тргнуваме од Собранието – и завршуваме пред комплексот судови – таму ја упатуваме нашата порака.

Следува прочистување на правосудството. Тоа имаме да порачаме и за тоа бараме поддршка, од вас од граѓаните!Ве повикувам сите праведољубиви граѓани, да ни се приклучите.Се гледаме во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда!, повика Николовски.

Слични содржини