423
„Граѓаните ќе можат од едно место преку Централниот регистар да дојдат до сите информации и документи и нема само да аплицираат, туку и да ги добијат електронски“, извести вечерва вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Тој наведе дека започнуваат со менување на над 100 закони, кои што ќе значат промена во регистарот на докази, односно изводот (потврда) од Централниот регистар на население ќе служи како доказ за сите постапки, без разлика дали се банка или пред шалтер за барање за склучување на брак.
„Институциите самите ќе си ги поврзуваат и разгледуваат информациите и податоците меѓусебе. Следува укинување на хартиените изводи“, вели Николовски.