Николовски: Службените возила повеќе нема да се користат во приватни цели

од Nikola Popovski
232 прегледи

Службените возила повеќе нема да се користат во приватни цели, информира денеска заменикот на Претседателот на Владата за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски.

Тој соопшти дека во вторник, на Владина седница ќе биде донесена одлука за употреба на службените возила која што точно и јасно ќе пропишува кој може да располага со службеното возило кај директорите на централно и локално ниво.

-Со одлуката регулираме и кој се од редот на вработените ќе може да користи службено возило. Исто така одлуката предвидува да не може да се користи службено возило за одење дома од работа и за одење од дома на работа.По извршувањето на службеното дејство возилата ќе мора да се враќаат назад во институцијата!, напиша Николовски на социјалните мрежи.

Слични содржини