166
Поради сериозноста на ситуацијата со пожарите, веднаш по заминувањето од Крушево, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се упативме на локациите во Ранковце, каде што има активни пожари, објави синоќа вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Тој соопшти дека службите се на терен, сите надлежни институции се активирани, со цел да се стави под контрола оваа состојба.
-Состојбата ја следиме будно, координирано работиме со сите надлежни институции, со цел најитно спречување на поголеми штети. Од Ранковце, продолжуваме во регионот на Старо Нагоричане каде што исто така има активни пожари. Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно, информира Николовски.