Николовски: Со усвоениот План ги зајакнуваме капацитетите на широкиот фронт за борба против корупцијата

415 прегледи

Владата денес го усвои Планот за борба против корупцијата и криминалот, па оттаму на денешната прес конференција, првиот вицепремиер на Владата, Љупчо Николовски посочи дека новите механизми ќе бидат клучни решенија на подолг рок, како и дека овој План е чекор со кој се покажува заложбата на Владата за транспарентност, отчетност, но и борба против корупцијата и криминалот.

„Со овој план ги зајакнуваме капацитетите на широкиот фронт за борба против корупцијата. Ова го правиме за општество ослободено од корупцијата и враќање на довербата кај граѓаните. Планот содржи нови начини и нови механизми за спречување на корупцијата и е продолжение на она што почнавме да го работиме уште пред 6 месеци. Донесовме нов кодекс за однесување. Исто така ги почитуваме препораките на Греко. Во функција исто така е и регистарот на вистински сопственици, го зајакнуваме и контролниот механизам. Меѓудругото го подигнавме интегритетот на транспарентност и отчетност. Сите ги задолживме да објавуваат 22 различни типа на документи, од министерства, надлежни институции. Овие мерки опфатени во Планот очекуваме да дадат резултат на подолг рок. Клучна улога на елиминација на човечкиот фактор и неопходноста од дигитализација, ни даде отскочен чекор во примената на овие нови механизми. Исто така, предметите во ЈО или било која инситуција не смеат повеќе да бидат во некоја фиока. Нема исто така, повеќе да се чека непотребно за изводите од матичните книги, кои ќе бидат достапни благодарение на дигитализацијата“, истакна Николовски презентирајќи дел од новите приоритети опфатени со Планот.

 

 

 

 

 

Слични содржини