Николовски: Тешко е да се изборите со корупцијата која била длабоко навлезена како пракса во изминатите 11 години

од Nikola Popovski
152 прегледи

„Владата е свесна за состојбата на ова поле. Токму затоа е формиран посебен тим за борба против корупцијата што е вистинскиот начин за борба ова зло што е длабоко навлезено. Тешко е да се изборите со нешто што е воспоставено како пракса во изминатите 11 години“, вели вицепремиерот за борба против корупција за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски за дневникот на ТВ Сител, коментирајќи го извештајот на Транспаренси Интернешанал, со кој се најдовме на 111-то место на листата на корупција.

Според него, најмалку се виновни тој и министерт Маричиќ за проблемите што се создавале со години, но напомена дека борбата против корупцијата е главната цел на оваа власт.

„Сум и бев првиот функционер што поднесе кривични пријави против функционери во тогашната техничка влада“, потенцира Николовски.

Слични содржини