221
Царинската управа е чувар на нашите граници, финансиските интереси, здравјето и животот на граѓаните на нашата држава. Институција која е исклучително важна во градењето имиџ на европска и современа држава, објави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски.
Според него, царинските работници веќе втора година работат во време на пандемија од коронавирусот и како прв контакт, лице на државата се постојано изложени на зголемени ризици.
„Им благодарам и им посакувам да продолжат со своето успешно дејствување, безбедно и во добро здравје. Почитувани царински работници, честит Ден на Царинската управа!“, стои во објавата на Фејсбук.