„Почитувани сограѓани, припадници на влашката заедница ми претставува особена чест да ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желба за добро здравје среќа и бериќет“, вели Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по повод Националниот ден на Власите.
Според него, на овој ден ја одбележуваме посебноста на Власите, како дел од нашето мултиетничко општество и почитта кон влашката традиција, култура и јазик, како значаен дел во мозаикот на мултикултурализамот во нашата држава.
„Влашката заедница низ историјата несебично го давала својот придонес во борбата за слобода, државност и независност. Денес продолжува да придонесува во градењето на нашето современо општество, заедништво и меѓусебно почитување.
Честит 23 мај, Национален ден на Власите!“, стои во честитката на Николовски.