Николовски: Во духот на празникот да ја шириме добрината, човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла

од Берта Китинска
138 прегледи

Вицепремиерот за борба со корупција, Љупчо Николовски упати честитка по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

-Нека е честит и благословен празникот и нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство, во вашиот дом, во вашите срца.Во духот на празникот да ја шириме добрината, човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла.Да се потсетуваме на милоста и прошката која треба да ја имаме за себе, за блиските, за пријателите,Токму тоа се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме. Да го продолжиме заедничкиот пат, преку негување и унапредување на концептот едно општество за сите, концепт кој не обединува и кој води напред.Ви посакувам добро здравје, благодет, радост и среќа.Честит Рамазански Бајрам!, вели Николовски.

Слични содржини