Николовски: Во време на кризи се носат храбри и тешки одлуки

од Nikola Popovski
209 прегледи

Нас не очекуваат следните години едни од најкритичните во делот на храната, во последните децении. Владата и Министерството за земјоделство донесоа интервентен и национален план за производство на храна и преку десетици мерки и политики, стратегии, закони и имплементирање на средствата, ние веќе го применуваме. Сметам дека во време на кризи се носат храбри и тешки одлуки, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Според него, целта на новиот модел е да се субвенционира тоа што треба да се произведува.

-И националниот план и интервентниот фонд ги имаат за цели да се зголеми производството на храна, да се зголеми извозот на нашите производи и да се намали увозот на стратешките производи кои ги поддржуваме преку интервентниот фоднд. Не да се фокусираат фармерите да произведуваат нешто што се субвенционира. Во време на криза мора да дебатираме за овој нов модел. Сметам дека по расчистување на сите долгови наследени од минатото, на ред е за нов систем за субвенционирање во земјоделството, рече Николовски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини