„Зад нас е најуспешната сезона во енергетскиот сектор. СДСМ преку Владата и институциите презеде ефикасни и навремени мерки за справување со последиците од светската енергетска криза“, вели на прес Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.
„Во рамки на грејната сезона 2022/2023, за месеците од октомври до март, имаме вкупно домашно производство на електрична енергија од над 2,7 милиони MWh.
Само во споредба со претходната грејна сезона тоа е зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45 отсто.
Пропаднаа сите лажни сценарија на ВМРО-ДПМНЕ со кој го плашеа народот дека ќе има рестрикции, дека цената на електричната енергија ќе расте за 50 до 60 отсто, дека енергетскиот сектор ќе пропадне.
Електрична енергија, гас и парно имаше постојано цела грејна сезона“, истакна Николовски.