Вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски денеска од Битола кажа дека ја разбира разочараноста на Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, кои повеќе нема да биде дел од Владата.
„Не верувам дека ова излагање ќе предизвика нешто, јасните ставовите треба да станат пракса во македонската демократија а не позадинските игри. Така да јас сум од едните кои јавно дискутира за прашањата.Кога сте влезени чесно и одговорно за плата во политиката, нема што да се крие. Министерот Димитров дал силен придонес особено во Преспанскиот договор, поради кој Македонија е членка на НАТО и ја имаме сигурноста остварена како стратешки приоритет.Покрај премиерот Заев, Димитров дал придонес во тој правец и верувам дека и во наредниот период ќе дава придонес во европската перспектива.Ја разбирам разочараноста на Димитров и на сите нас како генерација, бидејќи навистина сакавме да преговараме со ЕУ, бидејќи тоа е начинот како да го трансформираме општеството. “, рече Николовски.