Николовски за извештај на „Фридом хаус“: Левичарската Влада водена од Заев ја поправа штетата нанесена од десничарските популисти

од Берта Китинска

Вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата е задоволен од последниот извештај на Фридом хаус во кој Македонија. Според него во извештајот експлицитно се наведува дека левичарската Влада предводена од Зоран Заев ја поправила штетата која што е нанесена на институциите во претходниот период од десничарските популисти пред него.

-Денешниот извештај на Фридом Хаус потврдува дека сме на вистинскиот пат, денешниот извештај потврдува дека Северна Македонија се подобрува и излегува од 2017 навака од ужасната состојба која оваа Влада ја има наследено и државата и институциите и бележи постојан раст во делот на слободата и демократијата што е успешна приказна која што на Балканот му е потребна, во извештаите експлицитно се наведува дека левичарската Влада предводена од Зоран Заев ја поправа штетата која што е нанесена на институциите во претходниот период од десничарските, вели Николовски.

Слични содржини