178
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека за прв пат државата ќе ги насочи земјоделците кои култури да ги произведуваат.
Според него, тие не треба да гледаат кое производство има најголеми субвенции туку кое се бара на пазарот.
-За прв пат државата ќе ги наосчи земјоделците, кон кое производство треба да се ориентираат односно кон она производство кое ни е потребно на пазарот, вели Николовски.