Екс-министерот и актуелен пратеник, Љупчо Николовски вели дека добил, како што вели, „срамен и скандалозен одговор“ добив од Министерството за земјоделство и, како што објавува, министерот во заминување на неговите официјални барања. Наместо одговор на пет клучни точки, Николовски објави дека добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање.
Николовски тврди дека поднел официјални барања до Министерството за земјоделие и побарал конкретни информации за пет клучни прашања: причините за суспензијата на ИПАРД, времетраењето на блокадата, бројот на загрозени корисници, последиците за земјоделците и планираните чекори за надминување на кризата.
-Нема факти, нема рокови, нема план. Собранието е понижено со ваков однос од министер кој и понатаму молчи, бега од пратенички прашања и одбегнува какво било соочување. А додека тој бега, земјоделците остануваат со блокирани исплати, блокирани проекти и замрзнати 130 милиони евра, без ниту една информација кога и дали проблемот ќе биде решен. Како претседател на Комисијата ќе продолжам да барам вистински одговори, затоа што институциите не смеат да молчат, а земјоделците не смеат да бидат оставени сами, порачува екс-министерот.
Две недели по скандалот со суспензијата на средствата од ИПАРД програмата, СДСМ обвинува дека министерот за земјоделство Цветан Трипуновски не дава одговори на клучните прашања поврзани со причините, роковите и последиците од блокадата на европските фондови. На прес-конференција, портпаролката Богданка Кузеска објави дека министерството испратило само општи законски рамки и цитати од регулативи, без ниту една конкретна информација.
„Нема збор за причините, нема рокови, нема план. Едно големо ништо“, изјави Кузеска, оценувајќи дека таквиот одговор е навреда за илјадници земјоделци, 3.000 нови бизниси и потенцијални 10.000 работни места кои директно зависат од ИПАРД-поддршката.
Според СДСМ, суспензијата на над 130 милиони евра не е административна формалност, туку сериозен удар врз компании и индивидуални производители кои веќе вложиле средства и се задолжиле.
Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата.
-Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања.
Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските органи кои постапуваат надвор од извршната власт, да ги дадат своите информации за состојбите.