Николовски за случајот со родиликата од Дебар: Беа покренати соодветни постапки и пред опозицијата да го изнесе

од Берта Китинска
135 прегледи

Одгворарајќи на пратеничко прашање за случајот со родиликата од Дебар и разрешувањето на директорот на струшката болница Мухамед Асани, вицепремиерот Љупчо Николовски посочи дека, како координатор на Инспекцискиот совет, веднаш се преземени мерки од страна на надлежните инспекторати, односно од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој навреме ги превзеде сите мерки, изврши вонреден надзор, изрече решение за забрана за вршење на дејност и поднесе иницијатива за кривична одговорност во ОЈО Струга.

„Во случајот со Асани беа покренати соодветни постапки и пред опозицијата да го изнесе , која треба да се интерсира за здравјето, животот и вредностите особено за граѓаните. Прв сум, којшто излезе за овој случај и кажа и побара ДЗСИ да ги спроведе сите контроли и веднаш експресно во рок од 24 беше издадено решение за забрана за вршење дејност во просториите каде што се одвивале нелегални дејствијата на ординацијата, беа покренати постапки од институциите за да се покренат и информираат ЈО и сите оние кои се надлежни да реагираат. Преку посебена Комисија формирана од министерот за здравство, се донесе решение за смена на директорот. Така се постапува во било кој случај кадешто е констатирана одговорност, пропусти и се охрабруваат институциите согласно своите надлежности да ги расчистат сите постапки”, изјави вицепремиерот Николовски.

Слични содржини