Николовски за Законот за дивоградби: Не смееме 55 илјади семејства да ги оставиме без покрив на главата

од Nikola Popovski
313 прегледи

„Законот се враќа во соодветна процедура, владина или собраниска. Мојот став, но и ставот на Владата е дека ние не смееме 55.000 луѓе и семејства да ги оставиме без покрив на главата“, вели вицепремиерот задолжен за корупција и криминал Љупчо Николовски, на новинарско прашање, коментирајќи ја одлуката на претседателот Пендаровски да не го аминува Законот за легализација на дивоградбите.

Според него, мораме да носиме одлуки и решенија на проблемите, кои што се генерално оставиме од минатото, како што беше примерот со името.

„Во овој поглед, решенијата се или решение на дивоградбите или соодветна правна и законска рамка“, потенцира Николовски и додава дека сега формално-правно е прашањето што понатаму.

„Фактот дека со овој Закон се легализираат противзаконитите постапки на физички и правни лица за бесправно градење, коешто е определено како кривично дело во Кривичниот законик, ги става во нееднаква положба правните субјекти и ја нарушува правната сигурност“, се вели во образложението на претседателот Стево Пендаровски, откако не го потпиша указот за спорниот закон.

Слични содржини