Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев прави голема манипулација со личните карти.
– Еве да фрлам ракавица, дали причината поради која нема лични карти е обидот да се намести тендерот за обрасци за лични карти. Зошто? Затоа што и сега има закон според кој што може да се издаваат лични карти. Не е дека во Македонија не може да се издаваат лични карти. Како сега сите ние имаме лични карти? Како се издавале лични карти во минатото? Но, прашање е дали ова тактизирање од страна на власта е поради обид, сличен на обидот со канадерите за гаснење на пожар, кои намерно не беа сервисирани со цел да дојдеме до ситуација да гори половина Македонија. Дури потоа да мораше да се сервисираат со договор во четири очи. Единствено на што размислува власта на Заев е криминал и корупција и зато оваа власт може да се сруши со една обединета опозиција против криминалот и корипцијата, рече Николовски.