Николовски: Захариева за личност на годината во политиката

од Nikola Popovski

„Министерката Захариева треба да биде прогласена за личност на годината во политиката во негативна конотација“, изјави новинарот и колумнист Љубиша Николовски за отвореното студио на ТВ 24.

„Таа беше премногу присутна и во бугарските и македонските медиуми и затоа што Бугарија направи нешто што нема да ѝ служи на чест, ниту нејзе, ниту на ЕУ. Последиците најмногу ги трпи Македонија и уверен сум дека нема да биде добро и за Бугарија и за ЕУ во иднина“, дополнува Николовски.

Тој смета дека има дилеми кога пишуавл на оваа тема и бил убеден дека тоа било став на Бугарија. Со тек на времето ставивите на Захариева, Борисов и останатите наведуваше на тоа дека Бугарија не е осамена, иако ниту една земја членка поединечно не истрча јавнода ја поддржи.

„Подолго време постои став меѓу земјите членки особено доминантните земји дека постои заситеност од проширувањето, и мислам дека ако не и наложиле на Бугарија така, тогаш молчешкум ја подржале Бугарија да си ја изигра играта до крај“, вели Николовски.

Вели дека Германија сака да ја внесе Македонија во ЕУ и смета дека поголемиот дел на граѓаните го дели ставот дека ЕУ ги извисил.

Слични содржини