Николовски, Зеќири и Петров гласаа за Претседател на СДСМ

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски го оствари своето право на глас на првите внатрепартиски, непосредни директни избори за претседател на партијата во својата родна Крива Паланка.

Изборите се веќе во тек и се одвиваат непречено.

68 999 членови од 80 Општински Организации во 237 избирачки места ќе го дадат својот глас.​

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири исто така гласаше на првите внатрепартиски директни избори во Домот на културата во Автокоманда. Коста Петров, директорот на ФИТР, исто така го даде својот глас.

Првите внатрепартиски избори се целосно безбедни по здравјето на граѓаните. Превземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно препораките за здравствена заштита од коронавирусот, а целиот процес се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од Ковид 19, тврдат од СДСМ.

Слични содржини