Николовски: Зголемено производство на струја од домашни капацитети за 30 отсто

од Vladimir Zorba
135 прегледи

„Мерките и политиките во делот на енергетиката што ги презеде Владата и институциите што ги предводи СДСМ даваат реални и видливи резултати. По успешното монтирање на трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, за прв пат после долг временски период беа ставени во функција сите домашни расположливи енергетски капацитети“, вели денеска Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.

„Тоа придонесе, пред неколку денови, на 29 јануари, дневното производство од домашните енергетски капацитети изнесуваше 21.299 мегават часови, што е рекордно највисоко дневно производство во последните 10 години.

До пред само неколку години, јануари беше месец кога редовно увезувавме струја, а оваа година не само што ги задоволуваме сите потреби, туку имаме и извоз.

Во месец јануари вкупното домашно производство на електрична енергија изнесува 561.350 MWh електрична енергија.

Тоа е зголемување од речиси 30 отсто во споредба со истиот месец претходната година кога производството на електрична енергија изнесуваше 434.189 MWh“, истакнува Николовски.

Слични содржини