Њујорк Никс доживотно суспендираа свој обожавател. Со овој гест тие покажаа дека ваквите прекршоци немаат место во кошарката.
Се поголем е бројот на суспензии на навивачи кои се однесуваат како да се „ослободени од ланец“. Прво, се појави информација дека еден навивач кој фрлаше храна кон Расел Вестбрук е суспендиран, а Њујорк реши да го направи истиот потег.
Никс доживотно суспендираше навивач од „Медисон Сквер Гарден“, откако тој го плукна Трае Јанг во натпреварот број два од плејофот на Истокот во НБА. Франшизата тогаш издаде соопштение.
– По истрагата, утврдивме дека лицето, кое не е сопственик на сезонскиот билет, го плукнало Трае Јанг, и од таа причина, му е забранет пристап до „Медисон Сквер Гарден“. Се извинуваме на Јанг и целата организација на Атланта хоукс за неговото однесување, што е целосно неприфатливо и нема да биде толерирано во нашата сала, сите информации се предадени на надлежните органи, се вели во соопштението на Никс.