Никсон во 1994 година „предвидел“ војна во Украина

од Vladimir Zorba
629 прегледи

Еден месец пред да почине во 1994 година, поранешниот американски претседател Ричард Никсон му напишал писмо на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, во кое му нуди совети, особено за Русија, велејќи дека ако има конфликт во Украина, војната во Босна и Херцеговина ќе изгледа како „градинарска забава“.

Содржината на писмото ја објави претседателската библиотека на Клинтон, а професорот по историја Лук Ничер зборуваше за неговата содржина за „Волстрит журнал“.

Во писмото од седум страници од 21 март 1994 година, Никсон даде јасна оценка за политичката ситуација во Русија, прецизно предвидувајќи дека односите меѓу Москва и Киев ќе се влошат и дека некој како Путин ќе дојде на власт, рече Ничер.

Слични содржини