Ним им треба Петар Први, рече Путин по палењето на Куранот во Шведска

од Nikola Popovski
689 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше Шведска поради дозволениот чин на палење на Куранот.

„Во Шведска повторно го запалија Куранот. Ним им треба Петар Први“, рекол шефот на руската држава за време на неодамнешната посета на Дагестан, потсетувајќи на победата на руската армија под команда на цар Петар Први над Швеѓаните.

По посетата на џамијата Џума во Дербент, Путин добил Куран на подарок од помошникот на муфтијата.

Минатата недела маж во знак на протест искина и запали Куран пред главната џамија во Стокхолм. Околу 200 луѓе ја гледале оваа акција: човекот прво искинал страници од Куранот, ги избришал чевлите со нив, а потоа ставил сланина во книгата и ја запалил.

Полицијата потоа уапсила две лица – организаторот на палењето на Куранот, кој е осомничен за поттикнување омраза кон етничките групи и кршење на забраната за оган на отворено, додека друго лице е приведено затоа што се обидело да го удри со камен.

Шведските власти претходно ја дозволија оваа акција, пренесува „Спутник“.

Станува збор за еден неверојатен и грандиозен воен подвиг, клучен за раѓањето на модерната Руска империја и претворање на Русија во водечка европска сила на тоа време. Војната е предводена токму од Петар Велики против тогашната доминантна империја на Балтикот и пошироко, односно, Шведската империја. Станува збор за една навистина долга војна, која ќе трае од 1700-та, до 1721 година, речиси колку целиот досегашен мандат на Путин и скоро половина од владеењето на Петар Велики. Конечната победа на славните империјални сили на Русија против армадата на Карло XII Шведски, кој бил сметан за најголемиот војсководец на тоа време, се уште важи за најславна епопеја на руската историја.

Слични содржини