Нимиц: Дојде време да се реши прашањето со името

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Дојде време да се реши прашањето со името. Решението може да биде сложено име со географска одредница со терминот Македонија, вели медијаторот за спорот со името, Метју Нимиц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, јавува Канал 5. Macedonia_Greece-Republic

Специјалниот претставник на ОН во разговорите за името можеби за прв пат ги изнесува јавно неговите ставови и мислења. Во однос на можното решение, тој споменува 7 точки.

– Инволвираните страни се одговорни за да стигнат до точните елементи на договорот, но ќе ви го кажам моето мислење за тоа кои треба да бидат тие. Прво, треба да постои договор за името на државата кое ќе го содржи терминот Македонија, но и една разумна одредница, според мое мислење, географска одредница би било најдоброто нешто за да се осигури достоинството на земјата, но исто така да се разграничи од големиот дел на Македонија, кој е нераскинлив дел од Грција – вели Нимиц.

Медијаторот за грчкиот весник истакнува дека  генералниот секретар на ОН, кој добро го познава спорот, го повикал да го реши проблемот во следните 15 месеци, односно до крајот на мандатот на Бан Ки Мун.

Друг показател дека името се става на дневен  ред е и кампањата која деновиве ја почнуваат владините медиуми под контрола на ВМРО ДПМНЕ,  дека СДСМ би попуштил за името а Груевски никако, демек  тој бил тврд орев.И во наредниот период ќе се замајува јавноста декаВМРО ДПМНЕ не го дава а СДСМ ќе го продаде името, иако моментот на решавање на овој деценски проблем сигурни ќе ги стави на потпишување сите политички лидери,  и сигурно е дека ниту една партија ниту ќе биде повикана ниту  ќе може сама да се носи со решение  и одговорност за решение на овој проблем.