
Со денови, коментарот на една жена се шири на социјалните мрежи и медиуми, во кој таа ги кани хрватските пејачки Нина Бадриќ и Северина да копаат компири, откако Бадриќ се пожали дека нејзиниот тим на соработници немал од што да живее во последниве четири месеци.
„За неколку дена вадиме компири, триесет хектари, во близина на Бјеловар и ни требаат дневни работници. Плаќаме 300 куни на ден (40 евра). Ве молам известете ја дали сака да работи. Може да ја земе и Северина и сите оние што зеле помош од над 500 евра. Само кажете да не влегува во тој дизајнерски фустан од 2 илјади евра, со кој се пофали пред неколку месеци, затоа што деновиве врнеше дожд и е доста калливо, напиша едно лице и собра скоро 2.500 лајкови и многу коментари.
Нина утрово одговори на дамата на својот Инстаграм. Таа накратко напиша: „Уживањето во нечија неволја е пораз за човештвото“.
Нина веднаш доби одговор од нејзината колешка Памела Рамљак.
„Дамата ставила оглас. Веројатно секој ќе дојдеше кај неа бесплатно да вади компири за да најде таму естрадни уметници. Жената има нос за бизнис. Мора да привлече работна сила и очигледно дека не и оди“, напиша Памела.
„Ние им помогнавме на многумина за да и’ помогнеме и неа да копа компири“, одговори Нина Бадриќ.