Нина „Групер“ во игра за нова министерка за финансии

од desk2
294 прегледи

Владиниот кабинет ќе претрпи измени со назначувањето министерка за финансии. На чело на ова министерство, како што неофицијално дознава Алсат, во трката меѓу трите жена, Нина Ангеловска, Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, предводи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата Групер.

Од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев.