Нинова до Радев: Престанете да шпекулирате на тема Македонија

од Берта Китинска
282 прегледи

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, која е вицепремиер и министер за економија, го повика бугарскиот претседател Румен Радев да престане да шпекулира за Македонија, откако Радев го искритикува Петков дека одговорноста ја префрлил на парламентот.

„Господине претседател, да се користи патриотизмот на Бугарите за личен рејтинг е подло“, реагираше Нинова на Фејсбук.

Нејзините прозивки до Радев доаѓаат откако претседателот го критикуваше Петков зошто неговата влада нема став за францускиот предлог за кревање на ветото туку ја префрли топката во бугарското Собрание за тоа да одлучува.

„Ја повикувате владата да ги отфрли сите сомнежи дека може да го укине ветото за Северна Македонија. Покренувате сомнеж. Владата постојано повторува: Нема да го укинеме ветото. Единственото тело што може да одлучи е парламентот.Во текот на неделата, Советот на министри донесе недвосмислена одлука: Секој предлог од Брисел да се испрати до Националното собрание и тоа да одлучи. Многумина прашуваат зошто Националното собрание?

Па, одговорот е едноставен: затоа што Националното собрание го ратификуваше договорот со Република Северна Македонија. Ниту едно друго тело не смее да ги менува условите на овој договор.

Затоа што во парламентарната република Собранието е највисок орган, а во него се е јавно и транспарентно, и затоа што таму власта, опозицијата и општеството можат да се запознаат со вистинските факти и никој не може да манипулира со нив“, вели Нинова.

Таканаречениот француски предлог е нацрт-преговарачка рамка подготвена од француското претседателство со Советот на ЕУ. Тоа ги вклучува барањата на Бугарија за земјава, заедно со другите критериуми што Скопје треба да ги исполни за да влезе во Европската унија.

Доколку документот испратен од француското претседателство биде прифатен од Бугарија и од сите други земји 27 членки на ЕУ, тоа би значело дека Бугарија ќе го укине ветото за почеток на пристапните преговори на Македонија.

Слични содржини