Бугарската вицепремиерка во оставка и лидерка на партијата БСП, Корнелија Нинова во разговор за бугарските медиуми открила зошто нејзината партија не го поддржала францускиот предлог во тамошното Народно собрание.
-Францускиот предлог не соодветствуваше целосно на нашата т.н црвена линија нашиот западен сосед да го исполни билатералниот договор. Во него се вели дека преговорите ќе започнат откако С. Македонија ќе го промени својот Устав и ќе ги внесе Бугарите, што е добар предлог. Сепак, предлогот се однесува на билатерален протокол без истиот да биде потпишан од ниту една страна. Ја видовте реакцијата во Македонија – рекоа нема да потпишеме. Во моментов бугарските интереси не се заштитени и не е потпишан билатерален протокол. Темата Македонија беше грубо искористена за партиски цели од две партии – ИТН и ГЕРБ, вели Нинова.
Според неа, лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов се обидува преку темата Македонија да дојде до мнозинство и да се врати на власт.