Претседателката на бугарската партија БСП и поранешна министерка, Корнелија Нинова смета дека Македонија се уште не заслужува да биде членка на Европската унија.
„Според нас, Република Северна Македонија не е подготвена за членство во ЕУ, не ги споделува вредностите на ЕУ. Јазикот на омраза, агресија, агресивниот однос кон Бугарија и кон луѓето со бугарска самосвест покажува дека тие не се подготвени за ова и го докажува ставот на „БСП за Бугарија“, која не ја поддржа одлуката на парламентот да почеток на пристапните преговори“, посочила лидерката на БСП, во интервју за „БНР“.
Нејзината партија пред неколку дена предложила да се изгласа нацрт-декларација во бугарското Народно собрание во врска со, како што велат, антибугарскиот наратив во Македонија.