Вицепремиерката на Бугарија и министерка за економија, Корнелија Нинова смета дека додека Македонија не ги исполни условите од Договорот за добрососедство, не треба да се укинува ветото и да се започнат преговори за членство во ЕУ.
-Не ни е проблем, не е лошо секогаш да имаме Совет за национална безбедност, бидејќи таму се собираат сите партии од парламентот и службите, коментира лидерката на владеачката БСП.
-Бидејќи не гледам голема промена, Советот може да ја потврди одлуката за Македонија, додака таа.
Како одговор на новинарско прашање, вицепремиерката изјавила дека не смета оти Бугарија води две надворешни политики во однос на спорот и додала дека според неа оваа тема е „малку претерана“.
-Никој не ни постави ултиматуми во јуни за почеток на преговори и укинување на ветото, ниту пак се преземени такви обврски, изјавила бугарската вицепремиерка.