НИС од денеска и официјално под санкции на САД

од Nikola Popovski
352 прегледи

Американските санкции против нафтената индустрија на Србија (НИС) треба да стапат на сила денеска.

Српскиот претседател Александар Вучиќ го изјави ова вчера во видео порака на својот Инстаграм профил. „Утре во шест часот наутро не чекаат санкции поради нафтената индустрија на Србија“, рече Вучиќ.

САД воведоа санкции за НИС на 10 јануари оваа година поради уделот на рускиот „Газпром Њефт“ во компанијата, со цел да се спречи Русија да ги користи приходите од енергија за војната во Украина.

Документите објавени на Белградската берза покажуваат дека вчера „Газпром нефт“, филијала на „Газпром“ го намали сопственичкиот удел во НИС од 50 на околу 44,85 отсто.

Во исто време, Газпром го зголеми својот удел во НИС од 6,15 на 11,30 отсто.

НИС е во сопственост и на државата Србија со удел од 29,87 отсто, а акции поседуваат и граѓани, сегашни и поранешни вработени и други малцински акционери.

Според сознанијата на „Компас“, „ОТП банка“ вчера веќе ја блокирала сметката на НИС по работното време, а другите банки ја известиле компанијата дека тоа ќе го сторат денеска, кога санкциите стапуваат во сила.

Се очекува дека српската „Поштенска штедилница“ ќе биде исклучок, заедно со, потенцијално, „Алта банка“, а можеби и уште некоја друга банка.

Слични содржини